Празничните, новогодишни и божиќни денови во италијанското гратче Локоротондо имаат посебно значење, во овој период жителите посветено ги украсуваат малите шармантни улици и плоштадите со светилки, венци, машни и разни лампиони. Живописно украсените улици го прават овој град една од најинтересните празнични дестинации во светот. Магијата ја дополнуваат божиќните пазари и штандовите на кои покрај локални ракотворби, ќе најдете мирисни колачи и квалитетно вино по кое исто така е познато гратчето Локоротондо.
Нема коментари