Луксузниот бренд „Барбери“ откако ја претстави божиќната принт-кампања инспирирана од филмот „Били Елиот“ преку фотографиите на Марио Тестино со познати Британци (Наоми Кембел, Елтон Џон, Роуз Хантингтон-Вајтли, Ромео Бекам, Џули Волтерс, Џејмс Беј, Мишел Докери) , еве го и краткиот божиќен филм. Кампањата ги слави не само празничните денови, туку и 15-годишнината од лансирањето на филмот, а Ромео и останатите скокаат и позираат додека во позадина се слуша Cosmic Dancer на T. Rex. Најсимпатичен е 13-годишниот Ромео кој втор пат по ред е ѕвезда на празничните видеа на „Барбери“.
Нема коментари