Култниот бренд кој стои зад бамбусовите чанти што летово беа хит кај познатите трендсетерки ја претстави есенската колекција во која има и облека. Cult Gaia се прослави со полукружните торби, следеа верзии на овој модел, па потоа креира и нова плетена чанта во облик на мала свиња што веднаш ѝ се допадна на Леандра Медин од Man Repeller. Но тоа не беше доволно, па брендот одлучи да претстави и линија на облека во која преовладуваат лежерни памучни кошули, елегантни сатенски фустани и креации кои се микс на класика и нови трендови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари