Секоја година многу доцна ви текнува да се справите со целулитот?! Ама никогаш не е доцна да почнете да почитувате неколку брзински правила во борбата против целулитот, кои кои долгорочно ќе помогнат да се пресметате со оваа несакана појава на телото.
• Одлучете се за еден вид на тренинг што ќе го практикувате најмалку четири пати неделно. Без разлика на тоа каков вид на вежбање и да изберете, најважно е да не ги пропуштате термините за тренинг.
• Заменете го кафето со зелен чај.
• Ако на работа постојано седите, не ги прекрстувајте нозете и на секои два часа направете прошетка, макар да е тоа само низ канцеларија.
• Секојдневно применувајте ги кремите и другите козметички препарати против целулит и нанесувајте ги на проблематичните области.
• Најмалку еднаш неделно направете пилинг или суво четкање на задникот и бутовите.
• Пијте најмалку осум чаши вода дневно.
• Наместо да користите лифт до повисоките катови, тргнете пешки по скалите.
• Почесто јадете зеленчук и салати, а помалку внесувајте компири или тесто.
• Минимално солете ја храната.
Нема коментари