Од модната куќа на Келвин Клајн излегоа повеќе култни и класични парфеми како Eternity, Obsession, Escape, Euphoria, а во 90-тите ултра популарниот унисекс CK One. Сега куќата повторно се навраќа на CK One и ја лансира новата верзија CK Everyone, парфем кој е најавен како родово неутрален, екопријателски и вегански производ, „чист мирис инспириран од суровиот и бунтовничкиот дух на оригиналниот CK One“.
Под „чист“ куќата подразбира еко-свесен мирис направен од состојки со природен извор, а пПарфумерот на CK One Еверѕоне, Алберто Морилас, се пофали дека формулата е составена од 79% природно добиени состојки.
Унисекс приказната CK One ја почна уште при лансирањето во 1994 година, со родово неутралниот, еколошкиот и веганскиот пристап соодејствува со новото време, и иако има младешки дух, се обраќа и е наменет за сите генерации.
Од Келвин Клајн подготвија пропратна рекламна кампања фотографирана од Глен Ланчфорд која ја слави индивидалноста и слободата на изразување, и во неа се појавуваат модерни мулти-хифенати, меѓу кои е музичарката и актерка Елиот Самнер, нам позната како Ваал и по нејзините диџејски настапи во Скопје.
Заедно со парфемот ќе биде претставена и родово неутрална колекција на облека што ќе содржи фармерки, дуксери, маици и долна облека.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари