Модната куќа „Шанел“ и креаторот Карл Лагерфелд ја демонстрираат својата посветеност кон Grand Palais и стануваат ексклузивен спонзор на реновирањето на овoј објект. Во реконструкцијата и реновирањето кое ќе започне во 2020 година „Шанел“ ќе донира 25 милиони евра. Еден од архитектонските симболи на Париз, Grand Palais е изграден во чест на одржувањето на Светскиот саем во 1900 година. Денес е културен и изложбен центар, и една од најубавите историски згради во градот. Од 2005 година Grand Palais за „Шанел“ и Лагерфелд е и местото во кое се одржуваат ревиите на висока мода. А за време на ревиите овој објект се претвора во раскошен и тематски сценографски сет – казино, париска кафетерија, супермаркет, антички амфитеатар, терминал на аеродром, ракетен центар… место од кое Лагерфелд се инспирира и во кое ги прикажва своите модни инспирации.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.





























Нема коментари