На вчерашната ревија на модната куќа „Шанел“ за новата ресорт колекција, која што е вообичаено именунавана како Métiers d’Art, дизајнерката Виржини Вјар ги реинтерпретира модните кодови на основачката Коко Шанел. Креативната директорка Вјар се наврати на препознатливите знаци на куќата – цветот камелија, твид, слоеви на ланчиња со синџири и бисери, и се разбира, на шанел-сакото. Насловена „31 Rue Cambon“, адреса на легендарната париска продавница на „Шанел“, колекцијата претставува безбедно враќање на белезите на брендот. И да, локацијата на ревијата Grand Palais, повторно со спектакуларна сценографија на која работеше позната режисерка Софија Копола – овојпат со изглед на легендарниот приватен апартман на Коко Шанел, сместен над продавницата на 31 Rue Cambon.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари