Иако на дофат ѝ се најексклузивните и најлуксузни креации од познати дизајнери и модни куќи, Шарлиз Терон често покажува дека е „приземјена“ ѕвезда и дека нема проблем да носи креации што повеќето можат да си ги дозволат. Неодамна беше „уловена“ со миди здолниште по доста поволна цена.
Моделот со А-линија во црно-бели пруги од брендот Forever 21 чини само 18 долари. Овој женствен модел, во стилот на 50-тите, актерката го искомбинирала со црна памучна маичка по кратки ракави и чизми до глужд на висока потпетица. Здолништето веќе е распродадено, но ви нудиме три слични модели што може да се купат по цена од 1.990 до 2.590 денари.
Нема коментари