Во среда, 30 јуни, со почеток во 21 часот ќе ја изведе кабаре-претставата „Чикашки перверзии“ од Дејвид Мамет во режија на Сибел Абдиу во хотел „Парк“, во ресторанскиот простор Four. Продукцијата е на „Машина продакшн“, а глумат Анастасија Ласовска, Надица Петрова, Харис Салкоски и Бобан Алексоски.
„Чикашки перверзии“ е ексклузивна и експлицитна провокативна кабаре претстава, а публиката ќе има прилика да ужива во едно невообичаено искуство – четворица млади акери кои ќе се соблечат и емотивно и физички со цел да им приредат еден емотивен ролеркостер на гледачите.
„Пасија, пороци, фрустрации… сите поттиснати и етикетирани емоции како неприфатени од општеството, експлицитно прикажани во еден генијален текст кој опишува една урбана приказна на двајца мажи и две жени.
Инспирирана од вулгарната експлицитност на дискурсот на текстот, го создадовме и целосно сензационалниот концепт на оваа камерна претстава, која не е само претстава во која публиката ќе гледа група на актери пред нив, туку ќе има прилика да искуси неспоредливо искуство; да ги осети во своја кожа тие емоции, да воспостави несвесно емпатија со ликовите кои со сета своја емотивна и физичка голотија ќе ги заживуваат токму тие емоции.
Минималната публика поставена во луксузна средина во хотелски ресторан со сепареа и маси каде што актерите најизменично се појавуваат, допринесува да се воспостави таа блискост со ликовите и нивните емотивни падови и подеми.
Оваа претстава не е само една класична театарска претстава, туку едно експериментално искуство кое ќе содржи и провокација и емотивен ролеркостер кој ќе и даде на публиката можност да се осети жива“ – изјава на Сибел Абдиу, режисер.
Нема коментари