Одржлива мода и свечен изглед се спојуваат во новата празнична колекција на брендот H&M. Тргнувајќи од ставот дека сите стилови можат да бидат одржливи, дури и гламурозните, и следејќи ги принципте на сопствената програма за одржливост во рамкуие на H&M Innovation Stories, брендот претстави колекција која има минимално влијание врз планетата. Во оваа колекција има забавни дизајни со многу волумен, набори, точки, игра со текстура и машни.
Со стратегија за циркуларен дизајн и ткаенини, „среќата е централна инспирација за оваа циркуларна колекција“, вели Ела Сокорси, концептуален дизајнер во H&M.
„Многумина од нас го пропуштија трансформативниот аспект на модата за време на пандемијата, па затоа сакавме да направиме колекција што сигнализира враќање на возбудата, самоизразувањето и дотерувањето. Навистина бевме заинтересирани да создадеме колекција која ќе поттикне разговори за рециклирање и повторна употреба на модни материјали, додека правиме нешто што е убаво, смело и оптимистичко“, вели таа.
Нема коментари