Дизајнерката Виржини Вјар претстави уште една колекција на висока мода за модната куќа „Шанел“, овојпат „отпатува“ во Опатијата Обазин, како референца на животот на Габриел Коко Шанел, која дел од деството помина сиропиташиште и се школуваше во во женски манастир во Обазин. Животот во манастирот оставил силен печат кај креаторката Коко Шанел, а монахињите ја научиле да шие на машина и со тоа делувале на нејзиниот професионален изор и на влезот во модата. Токму тој дел од животот на Коко е инспирација за Вјар за колекцијата за пролет 2020, а манастирската градина тема за сценографарија на ревијата која што, како и секогаш, се одржа во големата изложбена сала на Grand Palais во Париз.
Нема коментари