Либанскиот дизајнер Ели Саб ја претстави новата колекција на висока мода и за сезоната пролет 2020 инспирација пронајде во Мексико. Како што стои во изјавата, „Колекцијата содржи деликатни везени облици и форми инспирирани од историјата на царско Мексико“. На Париската недела на висока мода тој прикажа колекција со асиметрични форми и волумен акцентиран на ракавите, колекција богата со бои и вез, маестрална силуета и сложени луксузни детали.
Нема коментари