Дизајнерот Даниел Роузбери кој од лани е креативен дирекор на модната куќа „Скјапарели“, при создавањето на новата колекција на висока мода прикажана деновиве во Париз, продолжува да ја оживува куќата. Во колекцијата за пролет 2020 тој позајмува неколку елементи од наследството на основачката на куќата, славната Елза Скајпарели, како шокантно розовата боја и впечатливиот накит со референци на надреализмот.
Нема коментари