Кога пред 32 години модната куќа на Келвин Клајн го лансира парфемот Eternity за зашитно лице ја ангажира супермоделката Кристи Тарлингтон. Кристи со текот на годините во неколку наврати го промовираше парфемот, сега повторно се враќа во кампањата за новата верзија на Eternity и заедно со сопругот, познатиот актер и режисер Едварс Брнс, се заштитни лица на Eternity Eau Fresh for her (женската верзија) и Eternity Cologne for him (машката верзија).
Кристи и Едвард во 2014 и 2016 се појавија во рекламните кампањи за Calvin Klein Eternity, оваа новата тукушто е лансирана. „Воодушевени сме што повторно го дочекуваме овој иконски пар за да го прославиме следното поглавје на Calvin Klein Eternity, кое го продолжува своето наследство како еден од најомилените мириси… Со оваа нова кампања Eternity продолжува да инспирира безвременска љубов, нејзините романтични вредности не бледеат како поминува времето и сè уште резонираат кај денешните потрошувачи“, вели Симона Катанео од компанјата Coty, сопственик на парфемите со потпс на Келвин Клајн.
Новата верзија на парфемите има свежи тонови и се игриво преобликувани за модерните љубовници. Фотографиите за кампањата ги направи Лахлан Бејли, вдеото е дело на Мат Ламберт, а песната што ја слушаме во позадна е Unchained Melody во верзија на пејачката Лике Ли.
Нема коментари