• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
црвен килим 0

Црвената хит на црвeниот килим на „Златен глобус“, Кејт Бланшет најубаво облечена ѕвезда

Од stylist @StylistMKD · На јануари 13, 2014

Покрај филмската критика, настаните од типот на „Златен глобус“ и „Оскар“ редовно ја окупираат и модната критика која особено во овој период на наградување ги одмерува стилските комбинации на познатите ѕвезди. Црвениот килим на вчерашното доделување на наградите „Златен глобус“ изгледаше како виножито, благодарение на колоритните тоалети што ѕвездите ги избраа таа вечер. Креациите во интензивни бои навистина се вратија на свечениот настан, а најмногу доминираше црвената во повеќе свои нијанси. Вообичаено се носеа фустани во црна боја, долги тоалети и креации украсени со светкави камчиња и кристали. Еве го нашиот избор на најдобро облечени, највпечатливите креации и тенденции, а на дното од овој преглед, ќе ги видите и најлошо облечените актерки на холивудскиот настан.

 

collage

Кејт Бланшет

Австралиската актерка победи во категоријата најдобра драмска актерка, а  победничка е и во категоријата најдобар изглед на црвениот килим. Кејт блесна во фустан од тантела со нагласен изрез на грбот од колекцијата на висока мода на Џорџо Армани, а стајлингот го надополни со oодлична фризура и накит од „Шопард“.

3 lupitanyongo ralf loren

Лупита Нионго

Новата филмска ѕвезда, но и модна миленичка, Лупита изгледаше фантастично во овој свилен фустан од Ралф Лорен. Креацијата е со едноставна линија, но има драматичен момент во горниот дел благодарение на голите рамења и ракавите во облик на наметка. Чевлите се на Пол Ендрју и направени се специјално за Лупита.

Кери Вашингтон

Кери докажува дека само затоа што е бремена, не мора да значи дека не може да се најде на листата на најдобро облечени. Актерката изгледаше воодушевувачки во овој светло сив, скоро бел фустан од „Баленсијага“ украсен со брош и накит од Фред Лејтон.

Наоми Вотс

Еве како се носи сребрена боја на црвениот килим. Наоми сребрениот долг фустан од Том Форд го комбинираше со златен накит и клач-чанта.

4 margot-robbie_tesen gucci minimalisticki koroj no so svetki

Марго Роби

Оваа млада актерка го сврте вниманието со фустан на „Гучи“ со минималистички стил, но ефектен поради рабовите накитени со кристали и смарагдни камчиња.

collage

 Изглед за пофалба 

Водителката Џилијана Рансик изгледаше гламурозно во овој бордо фустан од Лорена Сарбу, а добар впечаток оставија и Кејтлин Фицџералд во бебешко син фустан од Емилија Викстед, Елизабет Мос во креација на Џеј Мендел инспирирана од арт-деко стилот, како и Кејт Бекинсејл во сребрена тоалета од Зухаир Мурад.

 

Црвената хит на црвениот килим

Оваа боја царуваше на вчерашното доделување, а на црвениот килим видовме голем број црвени тоалети, како и фустани во кои црвената е помешана со виолетова или со црна боја. Па така, црвено носека Ејми Адамс (Валентино), Беренис Бежо, Џули Бовен (Каролина Херера) и Тејлор Свифт (Каролина Херера).

 

collage

Црни фустани

Вообичаено на црвениот килим среќаваме повеќе верзии на црн фустан, овојпат фасцинираа Ема Робертс во  креација на „Ланвин“, Џесика Частеин во модел на „Живанши“, Џулиана Маргулис во фустан со златна апликација на Ендрју Гн, а моден погодок имаше и Софија Вергара која носеше тоалета од Зак Посен.

collage

Сребрен бран

Металик-фустаните и светкавите тоалети редовно се дел од модата на црвениот килим на доделувањата на релевантните филмски и телевизиски награди, а така беше вчера кога во сребрено се појавија Робин Рајт (Рим Акра), Мила Кунис („Гучи“) и Мишел Докери (Оскар де ла Рента).

 

collage

Невообичаени комбинации

Храбриот стајлинг и непредвидливиот избор на облека за вакви настани може да биде комплетно промашување, но доколку се добро вклопени и адекватни за личноста што ги носи, тоа повлекува совршен изглед. Храброста им се исплатеше на Зое Дешанел (во светкава тоалета од Оскар де ла Рента со краток топ вметнат во фустанот), Ема Вотсон (црвен фустан/наметка со гол грб кој се носи врз црни панталони, дел од колекцијата на висока мода на „Диор“), како и на Зое Салдана која одлично го носеше овој прилично комплициран модел од Прабал Гурунг.

 

collage

Дотерани трудници

Покрај Кери Вашингтон на црвениот килим видовме уште неколку трудници. Најмногу воодушеви Оливија Вајлд која носеше зелен светкав фустан од „Гучи“, пристојно изгледаше и Елза Патаки, сопругата на Лиам Хемсворд, додека Дру Баримур со овој фустан од Моник Лулие покриен со розеви и црвени цветови покажа дека треба да побара совет од бремените колешки во однос на стајлингот.

collage

 Зелено-сини тонови

Забележавме повеќе нијанси на сина и зелена боја, од светлите тонови до потемниот спектар на овие бои како тегет и смарагдно зелена. Еве ги комбинациите на Амбер Херд („Версаче“), Хелен Мирен (Џени Пекам), Тејлор Шилинг (Такун) и Рис Витерспун (Келвин Клајн).

collage

 Бели фустани со детали

Дали е тоа со помош на детали во друга боја, златна шара или 3Д-апликација, актерките избраа да ја разбијат белата боја, помалку или повеќе успешно. Џенифер Лоренс очекувано носеше модел од „Диор“ (бела тоалета обвиткана со два реда црна лента), едноставниот фустан на Рашида Џонс е украсен со златни палми, а Пола Патон стана предмет на потсмев поради белиот фустан со волуминозна апликација.

collage

Најлошо облечени

Хајди Клум иако со години е во модниот бизнис, повторно се одлучи за непривлечен изглед и лош стајлинг. Нејзиниот фустан од „Маркеза“ не е толку катастрофален, колку што Хајди негде постојано греши. Меѓу најлошо облечените се најдоа и Кели Куоко со нападен балски фустан со цветен дезен од Рани Закем, Хејден Пенетиер со црно-белиот фустан без никаква форма од Том Форд, како и веројатно најлошиот изглед на вчерашниот настан  – виолетовиот ужасен „матурски“ фустан на Обри Плаза!

Џенифер ЛоренсАрманиДиорЗлатен глобус 2014Кејт БланшетЛупита Нионгостилот на познатитецрвен килим
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 црвен килим

    Оскаровски црвен килим: Од едноставни и елегантни до необични и впечатливи модни комбинации

  • 1 oskari црвен килим

    Од црвениот килим на Оскарите 2023

  • emmy црвен килим

    Од црвениот килим на доделувањето на телевизиските награди Emmy

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics