На бела основа и со црвени цветови, овој миди фустан од актуелната колекција на „Зара“ е хит на Инстарам. Да, знаеме дека нема ништо револуционерно во тоа цветниот дезен да се носи во пролет, но некако цветните фустани ни се неодоливи во топлите месеци. Таков е и овој модел на „Зара“ со елегантна линија, кој што може да се носи скоро цела сезона и тоа во различни пригоди. Добро се комбинира со златен накит, летни влечки и сламени торби како дневна варијатна, а со соодветни сандали и мала чанта, може да се носи и за вечерни излегувања.
Нема коментари