Актерката Дакота Џонсон изгледа елегантно и со доза на сексапил на светската премиера на „Педесет нијанси потемно“ во Лос Анџелес, облечена во долг розов фустан од „Валентино“ со длабоко деколте и релаксиран крој. Изгледот го надополнила со неколку прстени, мала клач-чанта, темен кармин и разбушавена плетенка, а за овој прочистен стил доби пофалби. Иако модниот свет ја смета за стилска фигура на која треба ѝобрнеме внимание, таа понекогаш знеа да се појави во нападен изглед или во комбинација која ја прави да изгледа постаро, па овој модерен, но сепак секси изглед е нешто што ѝ прилега.
Филмот „Педесет нијанси потемно“ е продолжението на „Педесет нијанси сиво“, а покрај Дакота Џонсон како Анастасија Стил и Џејми Дорнан како Кристијан Греј, се појавуваат и Ким Бесингер, Рита Ора, Марша Геј Харден.
Нема коментари