Дејвид Бекам следејќи го примерот на сопругата Викторија која има своја колекција на шминка за Estée Lauder одлучи самиот да лансира свој бренд со производи за нега на кожата, косата и брадата на мажите. Тој во својот бренд наречен House 99 соработува со козметичката компанија L’Oréal и во асортиманот има повеќе производи кои задоволуваат различни потреби на мажите – средство за бричење, креми за лице, препарати за коса, производи за чистење и негување на брадата, како и гел за одржување на тетоважи.
Бројот 99 во името на брендот не е случаен и зад него се крие брјот кој има голема улога во неговиот живот – во 1999 година Бекам го доби синот Бруклин, се венча со Викторија и со фудбалскиот клуб „Манчестер јунајтед“ освои победа во Лигата на шампионите. House of 99 ќе почне да се продава на 1 февруари, прво во лондонската стоковна куќа „Харви Николс“, а од 1 март во повеќе светски земји.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари