Француската диајнерка на мебел Каролин Гомез го дели својот животен со работниот дел во овој модерно уреден стан во градот Бордо. Главна улога во станот имаат пастелните тонови и уметничките решенија на дизајнерката која овде живее со сопругот и својата ќерка. Станот е на приземје, порано просторот бил сервис за џубокс апарат, а поделен на неколку секции, дневен, работен и дел за спиење. Мебелот е мешавина на нејзините дизајнерски парчиња во комбинација со скандинавски мебел од средината на минатиот век. Домот е збогатен со детали во појаки бои, а се забележуваат многу книги и списанија што семејството ги користи.
Нема коментари