• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
театар 0

Денеска почнува интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

Од stylist @StylistMKD · На ноември 20, 2017

Сонот на облачето постер

Ноември е месец на фестивали, меѓу кои се вбројува и Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето” кој ќе се одржи од 20-ти до 22-ри ноември во просториите на Младинскиот културен центар.

Скопската публика со нетрпение го очекува роденденското 5-то издание на овој фестивал, кој е еден од малкуте традиционални културни настани наменети за деца кај нас. Како единствен фестивал од овој тип во регионот „Сонот на облачето” успешно придонесува и кон интернационална афирмација на оваа уникатна уметност.

Шареното гледалиште на Сцената Фросина со сигурност ќе биде исполнето до последно место, а публиката ќе има уникатна можност да проследи спектакуларни театарски претстави со сенки.

Lichtbende Me and the Flea

„Јас и Болвата” на LIchtbende

Сенката е во постојана игра со светлината во оваа уметност, а тоа најдобро е прикажано на првата фестивалска вечер на 20-ти ноември во спекатклот „Јас и Болвата” во изведба на LIchtbende од Кралството Холандија. Невино улично куче го пронаѓа својот нов дом во едно грижливо семејство. Но болвите, скриени во кучето, започнуваат да лумпуваат низ домаќинството и веќе ништо не е како порано. Навидум бизарна и возбудлива приказна која се изведува со помош на магични фенерски анимации и изведба на музика во живо.

Учеството на фестивалот е овозможено со финансиска поддршка од Амабасадата на Кралството Холандија.

Следна на репертоарот е фантастичната Валерија Гулиети од Sombras Chinas од Шпанија, која на 21-ви ноември со претставата “Рачиња” по втор пат гостува на „Сонот на облачето”. Во 2015 година нејзината изведба на „Танцот на рацете” беше проследена со бројни овации од страна и на децата, но и на возрасните.

Фестивалот ќе биде затворен на 22-ри ноември со претставата „Малиот Принц” во изведба на Театар „Сенки и облаци” од Скопје, кој минатата година прослави 10 години од своето постоење и континуирана продукција на театарски претстави на сенки. „Сенки и облаци” бележи бројни турнеи на неколку континенти и ја продолжува својата мисија на афирмација на макeдонските културни вредности преку театарски претстави со сенки.

„Сонот на облачето” од година во година нуди се’ поисполнета фестивалска програма која се стреми да ја забавува, но и едуцира публиката во доменот на визуелни игри со театар на сенки.

Sonot na oblaceto Maliot Princ

„Малиот Принц” на Театар „Сенки и облаци”

 

Имено, во рамките на фестивалот ќе бидат одржани работилници со секој од театрите изведувачи. После вчерашната работилница на театарот „Сенки и облаци” и уметникот Доротеј Нешовски за изработка на кукли за театар на сенки,  во вторник, вештите раце на Валериа Гулиети ќе споделат неколку тајни во уметноста на правење сенки со раце, додека во среда децата со Lichtbende ќе изработуваат кукли од рециклирани материјали, кои потоа ќе ги проектирааат со магични лампи. Посетителите ќе имаат можност да ја посетат и изложбата на традиционални кинески кукли за театар на сенки.

Фестивалот во својата публика редовно вбројува и деца кои припаѓаат на одредени општествено маргиналиизрани групи. Изминатите години дел од дружбата беа децата од СОС Детско Село, Трисомија 21 (асоцијација за деца со Даунов синдром и нивните семејства), Центарот за деца од улица во Шуто Оризари, а годинава таа можност повторно ќе ја имаат децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци.

Организатор на фестивалот е Здружението „Сенки и облаци“ од Скопје, кое со поддршка од Министерството за култура на Р.М., градот Скопје, Младинскиот културен центар и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје по петти пат ќе ѝ овозможи на најмладата публика да ужива во магијата на театарските претстави со сенки.

Билетите се во продажба на билетарницата на Младинскиот културен центар по цена од 150 денари, а за организирани посети (+10 посетители) цената на билетот изнесува 120 денари. Учеството на работилниците е бесплатно.

Сонот на облачето програма

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Poster (1) театар

    „Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

  • Picture2 театар

    Повторно заедно на интерактивни и иновативни детски претстави во „Мој театар – Сити театар“

  • театар

    „Ана Каренина“ на Дејан Пројковски апсолутен победник на фестивалот „Театарска пролет“ во Шабац

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics