• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Design Infusion: Презентација на Iskra&Lidiya Blueprint Project утре на Неделата на дизајнот во Скопје

Од Катерина Трајановска · На ноември 24, 2017

iskra & lidiya

Откако модната креаторка Лидија Георгиева и архитектката Искра Јанковска Михајловска ги споија своите кративни мисли во заедничкиот дизајнерски проект Iskra&Lidiya Blueprint и создадоа колекции на софистицирани креации за домот, сега приказната за взаемната творечка соработка ја подигнуваат на ново ниво и воведуваат нова услуга на полето на уредување на внатрешните простори, која ќе ја претстават утре, 25 ноември, од 17 до 18 часот во „Јавна соба“ во рамките на програмата на Неделата дизајн во Скопје. Искра и Лидија на утрешната презентација Design Infusion ги повикуваат сите вљубеници во убаво уредени простори и оние кои имаат желба и потреба за дизајнерско уредување на ентериер, ќе зборуваат за современите тенденции на полето на дизајнирање на ентериери и на самиот настан ќе понудат консултации. Може со себе да понесат фотографија или скица од просторот што сакаат да го уредат и веднаш ќе добијат совет.

-Идејата на презентацијата што ќе се одржи утре е преку едно панорамско презентирање на најновите светски тенденции во ентериерно уредување да се сензибилизира домашната публика и клиентела на потребата да се обрати на дизајнер на ентериери и со тоа да добие комплетна и персонализирана услуга според својот буџет и според својот карактер. Нашата презентација ќе се одржи на забавен и интерактивен начин. Публиката после пезентацијата ќе може да поставува прашања и повикана е да донесе фотографии од својот дом или работен простор, кој што би сакале да го транформираат со наша консултација и во однос на сопствениот буџет – вели Лидија.

2

На презентацијата Искра и Лидија преку примери ќе ја објаснат својата услуга и ќе понудат првична консултација на заинтересираните.

-На утрешната презентација ги повикуваме сите кои сакаат во наредната година да го редизајнираат домот, канцеларијата или некој друг простор, оние кои сакаат да ангажираат архитект и дизајнер, луѓе кои веќе направиле некакво истражување или им треба комплетен проект за уредување. Ќе разговараме за самиот процес на редизајнирање, грешките кои се прават и како да се избегнат за преуредувањето на домот да биде задоволство – вели Искра.

Искра и Лидија претходната година на Неделата на дизајн во Скопје ја претставија првата колекција на софистицирани дизајни за домот, перници, завеси, мебел, огледало, ѕидни декорации со специфичен принт. Во текот на годината можеби станаа препознатливи по перниците кои веќе ги красат домовите кај нас и надвор од Македонија. Но, Искра и Лидија сакаат да ја прошират перцепријата за нив дека се само креатори на перници, туку на целосно домашно уредување. Велат дека перницата ја зеле како предмет што е пренослив и преку кој лесно се прикажува првичната идеја за еден дизајн, платформа околу која понатаму може да се развие комплексен дизајн.

1

–Покрај тоа што ќе можат да се запознаат со новиот проект кој опфаќа уредување на домови и канцеларии, сакаме на тие што ќе дојдат да им дадеме попуст на нашите дизајни во наредната година и попуст во продавницата „Талија“ во текот на следните 365 дена. Тие што ќе дојдат на утрешната презентација ќе добијат ваучер и сè што ќе го купат во „Талија“ во наредната година ќе биде со 10% попуст – ни објасни Искра.

Двете креативки ни кажаа дека ќе продолжат да создаваат и промовираат нови колекции, во следниов период ќе бидат презентирани нови производи за домот со потпис Iskra&Lidiya Blueprint.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 дизајн-декор

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

  • 1 дизајн-декор

    Јапанди најпопуларен тренд на уредување на домот

  • NB1 дизајн-декор

    Нордиски шик во црно-бела палета

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • ПРОЛЕТ (3)

    Трендови лесни за носење и аплицирање во вашиот стил

    април 14, 2021
  • 5

    Сината кошула модна класика што ќе ја носиме и оваа пролет

    април 14, 2021
  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

    април 13, 2021
  • 1

    Scotch & Soda носи смел став кон секојдневното облекување

    април 13, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics