Дева Касел, 15-годишната ќерка на Мoника Белучи и Вансан Касел, е заштитно лице на Dolce Shine, новиот парфем на Долче и Габана. Дева ја наследила убавината на својата мајка Моника, која подолг период соработува со дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана. Дева позира во бел летен фустан во промотивната кампања за парфемот кој треба да се промовира во април годинава.
Дева е млада и неизвесно е дали ќе го наследи професионалниот пат на својата мајка Моника, која што кариерата ја почна како манекенка, но потоа стана актерка. „Мислам дека двете мои ќерки имаат уметничка талент, но ќе видиме, малку е рано да се зборува за тоа. Сепак, какви и да се нивните одлуки, ќе ги поддржам“, изјави Моника за своите две ќерки, Дева и Леони (9).
Засега е јасно дека Дева ја наследи својата мајка во улогата на бренд амбасадор на „Долче и Габана“.
Нема коментари