Викендов што измина актерката и ѕвездата на серијата Glee, Дијана Агрон се омажи за Винстон Маршал, гитарист на бендот Mumford & Sons, на егзотична дестинација во Мароко. Двојката држи до својата приватност, па информации за свадбата и изгледот на венчаницата добивме од социјалните мрежи. На Инстаграм се појави фотографија на која ги гледаме младоженците во невообичено свадбено издание – Дијана во венчаница што не е бела, туку од бежов тул украсен со шарени светкави камшиња од колекција на „Валентино“, а Винстон во брокатно сако и со турбан на главата.
На фотографиите што пријателите ги споделија на Инстаграм констатиравме дека веселбата траела неколку дена и дека во една пригода Дијана носела и фустан украсен со вез на паун од колекција на „Гучи“ кој го стилизирала со турбан.
Свадбата се одржа во пустина, па гостите морале со камили да патуваат до дестинацијата во близина на Маракеш.
Нема коментари