Вчерашната ревија на Марија Грација за „Диор“ е прекрасен приказ на едноставноста, женственоста и класичната елеганција, со модерен пресврт на кодовите на модната куќа воспоставени од основачот Кристијан Диор. Кјури и „Диор“ новата колекција на висока мода ја прикажаа во парискиот музеј Роден, во кој беше направена сценографија во вид на голема бела коцка – во средината е самата писта и местата за гостите , а од страните на неколку ката поставени се манекенски кукли со креации, сценографија која сугерира на интимноста што постоела во модните ателје во моментите кога се раѓала високата мода.
Кјури за сезоната есен 2018 претстави модернизирана верзија на „Диор“ стилот преку структурирани палта и костими, воздушести фустани дефинирани со ремени, плисирани здолништа, креации со драматични ракави, како и модели со металик ткаенини и со изразено деколте. Вечерните тоалети се спремни за некој црвен килим – елегантни фустани без ракави, плисирани креации во светли бои, модели со цветни апликации, вез и рачно боена тантела.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари