Модната куќа основана од францускиот креатор Кристијан Диор 70-годишниот роденден го прослави со колекција на висока мода и голема ретроспекртивна изложба во Париз. Прикажана во стартот на Париската недела на висока мода, ова е втора haute couture колекција на креативната директорка Марија Грација Кјури, a за јубилејот подготви креации со кои се враќа на корените и на елеганцијата на модната куќа. Истовремено нè прошета низ светот со креации инспирирани од истражувачите, нивните патувања и старите мапи. Покрај фокусот на модните светски патници, Кјури претстави модели кои реферираат на суфрежетките, прерискиот стил и на златното доба на Холивуд. Доминираат сивите тонови, силуета која потсетува на new look стилот што Кристијан Диор го воведе во 1947 година, тоалети од тул во беж и златна боја, волнени пелерини, долги здолништа, микс на груби палта со лелеави модели, богати везови и цветен дезен.
Ревијата на „Диор“ ја следеја бројни ѕвезди, актерките Натали Портман, Џенифер Лоренс и Кристен Данст, познати ликови од модната сцена, како и актуелната прва дама на Франција, Брижит Макрон. Голем број од ѕвездите потоа ја посетија изложбата „Кристијан Диор: дизајнер на соништа“, во музејот Les Arts Decoratifs, најграндиозна и најобемна изложба посветена на Диор некогаш поставена во Париз. Поставката ја заокружува историјата на модната куќа преку креации на основачот Кристијан Диор, но и на Џанфранко Фере и Џон Галијано креирани за за куќата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари