Серија на црни креации и винтиџ расположение беа забележани на вчерашната ревија за новата колекција на висока мода на „Диор“,креирана од Марија Грација Кјури. Париз деновиве е во знакот на високата мода и колекциите за сезоната есен-зима 2019/20, а внимание секако привлече претставувањето на „Диор“. Ревијата се одржа во зградата во која е сместено седиштето на оваа париска модна куќа, на истата локација на која основачот Кристијан Диор ги презентирал своите креации, сè до неговата смрт во 1957 година. Сегашната креативна директорка на куќата Кјури токму тука ја претстави новата колекција, а гостите кои беа распоредни во повеќе соби на зданието уживаа во креациите, но и во сценографијата на уметницата Пени Слинџер. Новата couture колеција е микс на модното наследство на Кристијан и модерната визија на Кјури, мешавина на препознатливата силуета во А-линија и на современети корсети значајно поудобни од оние историските. Кјури повторно ја начнува темата на феминизмот кој го става на скалило повисоко од женственоста. Ја анализира и блискоста на модата со архитектурата и вели дека се инспирирала од работата на архитектот Бернар Рудофски, кој ја истражувал релацијата меѓу зградите и високата мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари