„Јавна соба“ и компанијата „Ботега евенти“ ве покануваат на малку поинаква изложба што ќе се случи в среда, 21 декември, во 21 часот, токму во дизајн центарот „Јавна соба“, а на која акцентот ќе биде ставен на дизајн на храна и услуга, модуларни светлечки предмети, мебел и аксесоари на кои се сервира храна со стил. На настанот ќе погледнете како може да изгледа вашата наредна деловна прослава, роденденска забава или промоција, да се запознаете со молекуларна храна, новиот светлосен мебел и со арт перформанс кетеринг. Влезот е бесплатен за сите љубители на добра атмосфера, храна и музика, а уживањето ќе биде надополнето со дј сет на Ивана Низамовска.
Нема коментари