Скандинавскиот стил е еден од омилените кога е уредувањето на ентериерот во прашање, бидејќи на многумина им се допаѓа смиреноста, хармонијата и стилската софистицираност. Едноставност и неутрални бои, бели ѕидови и удобност се почетните елементи на овој стил, а според Скандинавците тоа е клучно за постигнување внатрешен мир и релаксација по напорниот работен ден. Покрај смирените и неутрални бои, често може да се сретнат црно-бели комбинации, но и детали во појаки бои. Мебелот е едноставен, ослободен од гломазност и орнаменти, а најчесо е од природни материјали. Позитивната страна е што овој стил е лесно применлив и во нашите домови и вообичаено не чини многу, а треба да споменеме дека голем дел од мебелот е купен токму во IKEA. Токму таа непретенденциозност е толку многу привлечна!
Нема коментари