Како заокружување на националната кампања „Денови за донирање“ во организација на здружението „Конект“, во сабота, 2 декември, од 13 часот во East Gate Mall посетете го отворањето на добротворниот базар на социјални претпријатија. На настанот ќе донирате со купување на производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија, а истовремено ќе уживате во програмата со Огнен Јанески и музички ѕвезди, ќе се забавувате со вашите најблиски и ќе запознаете нови пријатели.
-На настанот доделуваме признанија и се заблагодаруваме на сите наши партнер(к)и на донирање. Бидете и вие дел од нашето филантропско друштво. На добротворниот базар набавете си донаторски ваучери со различна вредност и со нив набавувајте производи и подароци од штандовите на социјалните претпријатија. Така, донирајте за подобар живот и инклузија на најранливите, подобра едукација, достоинтвена работа и добро здравје. Повикајте блиски и пријатели и забавувајте се. Следете нѐ на социјалните медиуми за да ви откриеме повеќе – информираат организаторите.
Над 2.000 граѓани, организации и компании се вклучија во првата кампања „Денови за донирање“, иницијатива која траеше во последниот месец и половина. Настанот се одвива во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.
Нема коментари