Со бомбастичен карактер и екстравагантен изглед Андре Леон Тали, долгогодишен уредник соработник во американски Vogue, со децении ги одушевува љубителите на модата со своето познавање и неговите ставови. Со драматични гестикулации и најчесто облечен во долги впечатливи плаштови, за Андре и неговиот иконичен статус снимен е документарен филм кој се осврнува на неговиот живот и кариера. Во филмот The Gospel According To André на Кејт Новак, за Андре зборуваат Ана Винтур, Том Форд, Марк Џејкобс, Вупи Голдберг, а и самиот тој раскажува за своето детство, почетоците во модата, кога како што вели бил единствениот црнец со важна задача на ревиите во Париз, и како преку работата во WWD и W стигнал до уредничка позиција во Vogue. Оваа инспиративна приказна за Андре ќе почне да се приажува на 25 мај во американските кина, секако е на нашата листа на задолжителни модни документарци.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари