Доменико Долче и Стефано Габана организираа модна ревија на археолошкиот локалитет Долина на храмовите, близу градот Агриџенто, на Сицилија, на која ја претставија новата alta moda колекција. Alta moda е пандан на парискиот haute couture, односно италијански одговор на висока мода, и во тој контекст колекцијата на Долче и Габана содржеше 125 раскошни креации направени од луксузни ткаенини и со многу рачна изработка.
Сицилијанскиот Партенон, грчкиот храм посветен на божицата Конкордија стана импровизирана модна писта за колекцијата која е инспирирана од античките богови. Манекенките прошетаа во фустани декорирани со злато, комплексни везови и принтови со богови, статуи, амфори, столбови и други мотиви кои реферираат на античката митологија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари