Есенското време делува неповолно на кожата, особено на усните кои поради губење на влажноста се сушат и пукаат, па се препорачува користење на добар балзам и повремено правење пилинг. Во парфимериите може да најдете производи со назнака peeling или scrub за усни, но пилингот може и да го подготвите дома. Потребни ви се: • 1 лажица кафен шеќер • 1 лажица мед • 1 лажица маслиново масло Добро измешајте ги состојките и смесата ставете ја во чист сад со капаче. Кога ќе го користите направете го следново: на чисти усни нанесете малку од пилингот и тријте нежно со прстите. Потоа исплакнете ги усните со млака вода и намачкајте ги со заштитен балзам. Оваа постапка може да ја правите два пати неделно.
Нема коментари