Познатата модна блогерка Кјара Ферањи, нејзиниот сопруг раперот Федез и нивниот син Леоне неодамна се преселија во нов апартман во Милано, дел од станбен комплекс во футиристички стил дизајниран од познатата архитектка Заха Хадид. Како изгледа новиот дом на Кјара и Федез можете да видите во оваа видео прошетка низ луксузниот пентхаус. Федез снима со телефон, а Кјара објаснува. Делови од станот уште не се завршени со декорирање, а обрнете внимание на големиот гардеробер на Кјара, односно галеријата на станот која ќе биде претворена во голема просторија за облека и модни дотатоци. Таа објаснува која облека каде ќе биде сместена, ги открива полиците со дизајнерски чанти, кажува каде ќе бидат сместени патикити, маиците и фустаните, а опишува некои од дизајнерските парчиња што се понови и за свечени пргоди.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари