Модниот дизајнер Мајкл Корс ги отвори вратите на својот дом и дозволи да се сними за септемврискиот број на списанието Architectural Digets. Еден од најпознатите модни креатори со својот сопруг живее во луксузен пентхаус во Гриниџ Вилиџ, во Њујојк, од кој се пружа прекрасен поглед на реката Хадсон и на Менхетан. Во уредувањето на домот Корс сакал да постигне кежуал формалност, спој на практичност и уживање, удобност и строгост. Ја сака комбинацијата на топлина и текстура, што може да се забежежи во изборот на мебелот и украсните предмети. Корс нè води на прошетка во неговиот пентхаус и открива дом со многу фотографии, дрвени скулптури, и како што вели „многу големи украсни чинии“. Дизајнерот раскажува за фотографиите закачени на ѕидовите и нивното значење, а интересно што пред неколку години во Мајами успеал да ја најде алката што Настасија Кински ја носи на онаа легендарна фотографија на Ричард Аведон на која таа е во „прегратка“ со змија. Сега фотографијата и алката се изложени во една од собите од домот на Корс.
Нема коментари