Актерката Шарлиз Терон се враќа во центарот на вниманието со неколку нови филмови меѓу кои и осмото продолжение на филмската франшиза Fast and Furious, но и со неколку успешни модни изданија во периодов. Ги избравме овие две комбинации во црна боја, со кои Шарлиз се враќа и како стилска ѕвезда – првиот изглед е црн асиметричен фустан и чизми над глужд со потпис на „Луј Витон“, кои ги носеше на премиерата на The Fate of the Furious во Пекинг. Таа изгледаше авангардно и помалку glam rock во оваа стилска комбинација дополнета со фризура со мала пунџа.
Вториот изглед на Шарлиз исто така е комплетно црна комбинација, овојпат во посекски стил – црн фустан без прерамкии и со пулејки, со длабоко деколте, ремен за дефинирање на половината и со висок шлиц. Креацијата е на „Ив Сен Лоран“ а Шарлиз ја носеше пред неколку дена на гала настанот на amFAR во Хонг Конг.
Нема коментари