• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

[Трета годишна конференција за е-трговија] НИНА АНГЕЛОВСКА: Ова е историски момент за е-трговијата

Од stylist @StylistMKD · На ноември 25, 2020

Screenshot_26

Под мотото „ E-трговија & КОВИД-19: Предизвици и можности!“, утринава во своето премиерно онлајн издание започна годишната конференција за е-трговија на која присуствуваат повеќе од 300 учесници, а свое излагање ќе имаат над триесет еминентни говорници од земјата и странство

Оваа година програмата на конференцијата се одржува во два дена, во кои ќе бидат презентирани најактуелните теми поврзани со ефектите од Ковид-19 врз работењето на бизнисите и нивна адаптација кон е-трговијата од почетокот на пандемијата, а дополнително ќе биде ставен акцент и на инклузивната дигитална економија преку претставување на инспиративни приказни на жените амбасадори за е-трговија на „UNCTAD“.

Screenshot_23

Овие теми, но и многу повеќе, ќе бидат разработени од преку 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите области, кои ќе ги пренесат своите експертизи и искуства во областа на е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформален разговори, додека во улога на домаќин на овој дводневен настан ќе биде актерот Гораст Цветковски.

- „Ова е историски момент за е-трговијата. Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација. Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина”. посочи претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, во нејзиното поздравно обраќање.

223

Освен Ангеловска, присутните ги поздрави и Амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз.

- „Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со Македонската асоцијација за е-трговија, поддржавме 40 компании да отворат свои нови продажни канали и продавници онлајн“, изјави Н.Е. Кејт Мари Брнз.

На конференцијата ексклузивно ќе бидат презентирани резултатите од анализата за е-трговија со посебен акцент на влијанието на Ковид-19, а присутните ќе имаат можност и да ги слушнат истакнатите Јориј Абрахам – извршен директор на „Ecommerce Foundation“ и Барбара Сеса – раководител на дигитални производи за широка потрошувачка за Европа во Мастеркард.

111

Годинашното издание на конференција ќе го збогатат и две UNCTAD амбасадорки за „E-трговија за жени” Хелианти Хилман, сопственичка na веб платформа за органски прехрамбени производи од Индонезија и Назанин Данешвар, директор на веб платформа за групно купување од Иран кои ќе зборуваат на панел дискусијата „E-trade for Women: Get Empowered & Inspired”, во која ќе се вклучи и Нина Ангеловска, која исто така е една од седумте амбасадорки за „E-трговија за жени”, назначени од UNCTAD.

Од домашните говорници, своја презентација ќе имаат Филомена Аспровска Пљаковска од Касис АД Скопје и Иво Стојановски од A1 Македонија, Јана Дурнева од Phillip Morris International како и многу други еминентни  претставници на компании за е-трговија или други чинители од екосистемот на е-трговијата, велат од Асоцијацијата.

Од АЕТМ уште еднаш го потенцираат одличниот интерес кој овие теми го имаат помеѓу македонската експертска јавност, а истото се потврдува и со големата „онлајн“ посетеност со повеќе од 300 учесници од 150 компании, здруженија, организации и државни институции – акцентот е уште поголем посебно поради фактот што годинава конференцијата се одржува онлајн.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics