Вo среда, 16 септември, во Домот на култура „Кочо Рацин“, со почеток во 19 часот ќе биде отворена третата самостојна изложба на асамблажи на Андријана Андреева. Станува збор за една нова естетика со возбудливи сензации втеловени во секој еден асамблаж.
Со препознатлив ликовен егзибиционизам, со храбри потези создавање на асамблажен апстракционизам.
Чудесна симбиоза на најнеспоиви и најнеобични елементи во редефинирање на пораката Еко не Его, во превод – Аман, фрлајте со усул!
Нема коментари