Утре, 20 мај, со почеток во 11 часот, Општина Центар во Паркот на франкофонијата организира „Екопикник“ со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот ќе бидат македонски производители на храна и пијалаци. Во музичкиот дел ќе настапат децата од градинките и основните училишта како и Здружението на пензионери и Ансамблот „Кочо Рацин“ од Општина Центар. Дел од средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
На настанот ќе изложуваат: Моја бавча, Мелем од вкусови, Бакалница (во чии рамки ќе се претстават и мали винарии од тиквешкиот регион), Арт Џус, Пчеларско здружение Матица – Скопје, Кораб Трница, Скопски мерак, Пиво лабс, В’K фајн крафт ракија, Чардак, Боемска кафеана, Натурал 2020 и Здружение на пензионери на Општина Центар.
Нема коментари