Познатиот моден креатор Ели Саб препознатлив по луксузните вечерни фустани и елегантни модни креации, сега се претставува и во светот на ентериерот и дизајнот на мебел. Тој ја најави својата колекција на мебел Elie Saab Maison, што ја дизајнира во соработка со швајцарската компанија Corporate Brand Maison, и која што ќе ја надополнува секоја година со нови парчиња наменети за домот.
Во колекцијата Elie Saab Maison има луксузен мебел за трпезарија, дневна соба и спална соба, мебел во кој се пресликува естетиката на модниот бренд на Ели Саб, кој сега веќе e лајфслај бренд. Мебелот изгледа луксузно и во колекцијата доминираат пастелносивата и златната боја. Има раскошен кауч со вградена полица, трпезариска маса со златно постоеље, спална соба со голем кревет, наткасни и комоди.
Изгледот на парчињата мебел можете да го погледнете преку рендер фотографии, а колекцијата официјално ќе биде претставена во април на Меѓународниот саем за мебел во Милано.
Нема коментари