• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ерина Богоева во сабота изложува фотографии уловени на улиците низ Европа

Од Катерина Трајановска · На мај 11, 2016

0 erina bogoeva

Една млада уметница и фотографка во сабота, 14 мај, ќе ни понуди патување низ улиците на Лондон, Берлин, Грац, но и Скопје и Охрид, луѓе, и преку своите фотографии ќе ни открие амбинети и ситуации кои спонтано ги доловила со својот фотоапарат. Нејзиното име е Ерина Богоева, позната ни е по соработката со млади дизајнери и модни блогери, а во моментов освен како фотограф работи и како театарски продуцент. Интересот за фотографија почнала да го развива како средношколка, благодарение на програмата на Меѓународната матура во „Јосип Броз –Тито“, а по дипломата на филолог на катедрата по Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, станува магистар по Филм, телевизија и екранска индустрија при Нотингам Универзитетот, Велика Британија. Вели дека е самоук фотограф и од 2007 година активно се  занимава со фотографија. За тоа време Ерина била дел од многу изложби („Плоштад Фотографика“, „Денови на македонска фотографија“, „Урбан Пејсаж“, „Хуманоста за Јоце не познава граници“, „Микро Изложба“, “Инстаграмџии“), како и креативни групни и самостојни проекти во Македонија и надвор од неа. Во 2009г таа е добитник на награда во младинската категорија на Деновите на македонската фотографија, а во 2012г. таа добива прва награда за фотографија на тема „Скопје од мој агол“. Во  2013г. таа е дел од „Fearful visions“ проектот во Берлин со своја фото-поставка. За време на нејзините студии во Нотингам (2013-2014) по филм, телевизија и екранска индустрија, таа станува фотограф за „The New Theater“ при Нотингам Универзитетот и нејзини фотографии се појавуваат во тамошното списание „Impact“. Во 2015 се приклучува на жирито на проектот „Фото на неделата“ организиран од ЏаБест и станува дел од уредувачкиот тим на македонскиот фото-блог Revoshot. Во интервју За Stylist.mk Ерина открива повеќе информации за нејзината изложба.

1 erina bogoeva izlozba

Наскоро ќе се случи твојата прва самостојна изложба…

-Изложбата е под наслов „Животот на улиците на Европа“ (Street Life in Europe) и е организирана во склоп на проектот „Културни приказни“ како дел и од програмата за Денот на Европа, од страна на ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Отворањето на самата изложба ќе биде на 14 април (сабота),  во 13 часот, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, но изложбата ќе може да се види на истата локација до 20 април.

Од што се состои поставката?

-Поставката ја сочинуваат 30 фотографии во црно-бела и колор техника. Тоа се стрит фотографии, што се наговестува и од насловот.

Тема на изложбата е животот на улиците низ Европа, какви ситуации најмногу те привлекоа за фотографирање, луѓето, нивниот изглед, нивните постапки, постигнување на композиција со амбиентот..?

-Сите фотографии од поставката се целосно спонтано доловени, без никакво ургирање во просторот од моја страна. Тоа биле најчесто композициски точни моменти кои сум успеала да ги фотографирам, така што главна инспирација за овој проект ми биле најчесто амбиентот, архитектурата и самата композиција која се одвивала пред мене.

Какви приказни сакаш да пренесеш преку делата?

-Од секогаш сум била фасцинирана од уметност која е доволно универзална да може да инспирира различни идеи и приказни кај различни луѓе и токму тоа се обидувам да го постигнам и со моите фотографии.

2 erina bogoeva

На кои дестинации ги направи фотографиите?

-Фотографиите од поставката се фотографирани низ многу држави и уште повеќе градови. Лесно може да се познаат Лондон и Берлин на пример, бидејќи во кадрите се приметуваат нивни познати обележја, но тука се и Барселона, Хамбург, Нотингам, Единбург, Скопје, Охрид, Нимберг, Бремен, Сарти, Софија, Бат и Грац.

Преферираш црно-бела или фотографија во боја?

-Таа преференца ми се менува често според расположението. Некогаш полесно се снаоѓам во црно-бело, а некогаш боите ми се незаменливи.

А што најчесто сликаш на улиците на Скопје?

-Во Скопје мислам дека одново и одново би можела да го фотографирам Брутализамот. Во секое годишно време таа архитектура ми личи различно убава. Но и самото Скопје, во целост, како мој дом ми е инспиративно.

Кои се твои следни проекти?

-Следниов месец во план ми е да сработам некои проекти за своја душа што чекаа извесно време. Паралелно завршувам еден проект со фотографии за Скопје кој се надевам дека наскоро ќе можам да го прикажам пред јавноста.

Street Life in EuropeЕрина БогоеваЕУ Инфо Центаризложбаизложба на фотографиимакедонски фотографи„Животот на улиците на Европа“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics