• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер: моќен антиоксиданс за свеж и сјаен изглед за само 7 дена

Од stylist @StylistMKD · На септември 5, 2019

eucerin vitamin c booster (1)

Eucerin® – експертот во медицинската нега на кожата, ја откри својата последна иновација – Hyaluron-FillerВитамин Ц Бустер. Серумот комбинира три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, активираниот витамин Ц се меша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина ги пополнува брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење. При секојдневна употреба кожата изгледа мазна, сјајна и освежена после само 7 дена, а со понатамошна употреба нејзината состојбата и дополнително се подобрува.

Прекумерното изложување на сонце, загадувањето на воздухот, забрзаниот модерен начин на живот влијаат на нашето здравје. Како што знаеме, секојдневна доза на  витамин Ц докажано го подобрува здравјето и се бори со првите симптоми на некои сезонски заболувања. Освен што го зајакнува имуниот систем, важна придобивка од витаминот Ц е што ѝ помага на кожата во борбата против штетните влијанија предизвикани од слободните радикали.

Освен тоа што кожата трпи последици од начинот на нашиот животен стил, потребите на кожата со текот на времето стануваат сè поголеми, бидејќи основните состојки кои ја прават мазна, цврста и еластична побавно се надополнуваат. На пример, се намалува количината на создадена хијалуронска киселина и се намалува синтезата на колаген. Освен тоа, влијанието на слободните радикали го забрзува стареењето на кожата. Како резултат на тоа почнуваат да се појавуваат фините линии и брчките, а кожата го губи својот младешки изглед.

Колагенот е одговорен за тонусот на кожата, а витаминот Ц е клучен фактор во синтезата на колагенските влакна. Истовремено тој е и многу моќен антиоксиданс и помага во заштита на кожата од негативното влијание на оксидативниот стрес и слободните радикали. Ова значи дека витаминот Ц е од суштинско значење за одржување на кожата во добра состојба. За жал, нашата кожа не може сама да произведува витамин Ц, па ние треба да ѝ го обезбедиме, а со локално нанесување на витамин Ц на површината на кожата, тој делува директно таму каде што е потребно.

Новиот Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустеробезбедува бројни придобивки за кожата, на пример заштита од надворешните штетни влијанија и пополнување на брчките одвнатре. Како резултат на тоа кожата изгледа посвежа и посјајна по само седум дена употреба, а со текот на времето ефектот продолжува да се подобрува.

eucerin vitamin c booster (3)

Комбинација од активни состојки за висока  ефикасност и одлични резултати

Тајната на ефикасноста на новиот производ Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустере во начинот на комбинирање на активните состојки во него. Вијалата содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав и лесна емулзија од хијалуронска киселина и ликохалкон А. Благодарение на иновативниот концепт на пакување, прашокот витамин Ц е одделен од формулата сè до првата апликација, кога се активира со притискање на мекото дно на вијалата. Со протресување на вијалата се спојуваат активните состојки и формираат серум којшто со својата моќ ја заштитува кожата од оксидативен стрес. Бустерот го користи чистиот витамин Ц во активна форма. Многу често користените деривати на витамин Ц покажуваат антиоксидантни ефекти само на површината на кожата или треба прво да се трансформираат од кожата за да навлезат во нејзините горни слоеви. За разлика од нив, чистиот витамин Ц не треба да се конвертира за да биде целосно активен. Ликохалкон А го подобрува ефектот од дејството на витаминот Ц и дополнително ја заштитува кожата од влијанието на УВБ, УВА зраците и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина. Ликохалконот А ја смирува кожата, што го прави серумот погоден дури и за чувствителна кожа. Покрај тоа, нискомолекуларната хијалуронска киселина во серумот продира подлабоко во епидермалните слоеви на кожата, каде што се формираат подлабоки брчки.

Секојдневна употреба за видливи резултати

Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер се препорачува да се нанесува секојдневно. Производот којшто содржи активен витамин Ц во концентрација од 10% има оптимален баланс меѓу подносливост и ефикасност, а го поднесува одлично дури и чувствителната кожа. Витаминот Ц во прав се ослободува во формулата со едно притискање на мекото дно на вијалата. Потребно е да се протресе пред употреба, за да се помеша правот со емулзијата и со тоа се активира витаминот Ц кој моментно ја покажува својата моќ. Серумот е со лесна текстура и за најдобри резултати се нанесува секојдневно пред дневниот крем од линијата Hyaluron-Fillerили помешан со него. Само после 7 дена кожата изгледа освежена, мазна и посјајна.

Eucerin®Hyaluron-FillerВитамин Ц Бустер

Достапен е во 2 вида опаковки:

Единечна опакова за 7-10 дена која содржи 1 вијала од 8 мл: х денари.

Тројна опаковка за 24-30 дена која содржи 3 вијали од 8 мл: х денари.

  • Докажана ефикасност: ја зајакнува кожата, ги пополнува и измазнува брчките;
  • За посвежа, сјајна и мазна кожа.

 

За производите од линијата Hyaluron-Filler

Кога кожата старее, количината на природно произведената хијалуронска киселина во неа се намалува и како резултат на тоа започнуваат да се формираат површински фини линии и подлабоки брчки.  Повеќето производи од линијата Eucerin®Hyaluron-Filler коишто се клинички испитани, содржат комбинација од хијалуронска киселина со висока и ниска молекуларна тежина, како и супстанцијата глицин-сапонин којашто докажано ја помага природната синтеза на хијалуронска киселина во кожата. За оние луѓе кои сакаат да се справат со фините линии и брчки, линијата Eucerin®Hyaluron-Filler комбинира моќен ефект на пополнување на брчките со одлична подносливост од кожата. Новиот производ Hyaluron-FillerВитамин Ц Бустер ја дополнува успешната Hyaluron-Filler линија, комбинирајќи го докажаниот концепт на Hyaluron-Fillerсо формулата со непосредно активиран витамин Ц за подмладен и сјаен изглед.

eucerin vitamin c booster (2)

За Eucerin®

Пред повеќе од 100 години откриен е Eucerit – основа за лековитиот мевлем, којшто создава револуција во негата на кожата. Од тогаш Eucerin® е пионер во медицинската наука и иновациите. Денес Eucerin® предлага палета на високоефикасни производи за нега на кожата и продолжува да претставува ефикасни и надежни решенија во таа сфера. Дермо-козметичките производи се разработени на основа на последните научни достигнувања и помагаат за здрав и сјаен изглед на кожата. Поради таа причина, глобално брендот е еден од најнадежните во негата на кожата и е препорачуван од дерматолози и фармацевти низ целиот свет. За повеќе информации посетете нѐ на www.eucerin.int. и на FacebookMakedonija.

За Баерсдорф АД

Козметичката компанија Баерсдорф АД се наоѓа во Хамбург, Германија и има околу 19 000 вработени по целиот свет. Продажбите за 2017 г. изнесуваат 7.1 милијарди евра. Компанијата е регистрирана во DAX. Брендот NIVEA, сопственост на компанијата, е најголемиот козметички бренд во светот*. Други успешни марки во портфолиото на компанијата се Eucerin, Hansaplast/Elastoplast, LaPrairie. Баерсдорф има над 135 години искуство во нега на кожата и е познат по своите иновативни и висококвалитетни производи. Останатите брендови – Labello, Florena, 8×4, Hidrofugal, Аtrix, Aquaphor, SLEKи Maestro – успешно го дополнуваат богатото портфолио на компанијата.

* Euromonitor, малопродажба за 2016 г. на глобалната марка.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 нега

    Совети за пролетен блескав тен

  • eucerin нега

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

  • eucerin (2) нега

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics