• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Eucerin® лансираше иновативен производ со двојно дејство на кожата – пилинг + борба со брчките

Од stylist @StylistMKD · На октомври 12, 2018

eucerin serum (1)

Eucerin® – експертот во медицинската нега за кожата, ја пушти во продажба последната иновација во своето портфолио – Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум. Со својот иновативен систем, новиот производ е прв комбиниран производ на Eucerin®, којшто истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките.

Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките. Еуцерин континуирано вложува во иновации, со цел да се задоволат барањата на потрошувачите. Забележавме дека потрошувачите сакаат производ којшто го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. Затоа се создаде Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум и сега сме многу возбудени од воведувањето на производот кој има промоција на сите пазари ширум светот.“ изјави Д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за Еуцерин во Македонија.

eucerin serum (3)

Со новиот двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба. Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата). Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска  киселина во кожата.

Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.

Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот

Опаковката со два контејнера за складирање на производот обезбедува високоефикасна нега за кожата – тврдење коешто е поткрепено со детални проучувања. „Се гордееме со големиот број на дерматолошки и клинички проучувања коишто ги направивме, вклучувајќи контролирани тестирања во лабораториски услови и тестирања на кожа. Резултатите го потврдуваат двојното дејство на формулата со подмладувачки ефект  Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, како и неговата безбедност и подносливост од кожата,“ изјавиД–р Петрушевска. Пријавените и набљудуваните ефекти вклучуваат:

  • нежна ексфолијација на кожата;
  • видно намалување на длабочината на брчките и фините линии;
  • ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата;
  • добро хидрирана кожа;
  • стеснување на порите.

Проучувањата исто така докажуваат дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа.

eucerin serum (2)

Секојдневната употреба дава видливи резултати

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

  • ја измазнува површината на кожата и го помага обновувањето на кожните клетки;
  • ги пополнува дури и најдлабоките брчки;
  • ја хидрира кожата и ги стеснува порите;
  • за помладолика, сјајна и мазна кожа.

За производите од линијата Hyaluron-Filler

Кога кожата старее, нивото на природно создадената хијалуронска киселина во неа се намалува; како последица на тоа започнуваат да се формираат површински фини линии и подлабоки брчки.  Повеќето производи од клинички испитаната линија Hyaluron-Filler, содржат комбинација од хијалуронска киселина соголема и мала молекуларна тежина и глицин-сапонин супстанција, којашто докажано го помага природното синтетизирање на хијалуронска киселина во кожата. За корисниците за кои основната грижа се фините линии и брчки, линијата Eucerin Hyaluron-Filler комбинира моќно пополнување на брчките со одлична подносливост од кожата.  Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум ја дополнува успешната Hyaluron-Filler линија, комбинирајќи го докажаниот концепт на Hyaluron-Filler со формулата која овозможува високоефикасен траен пилинг за блескава и мазна кожа.

За Eucerin®

Пред повеќе од 100 години е откриен Eucerit – основа за лековитиот мевлем, којшто направи револуција во негата за кожа. Од тогаш Eucerin® е пионер во медицинската наука и иновациите. Денес Eucerin® предлага многубројни и високоефикасни производи за нега на кожата и продолжува да претставува ефикасни и надежни решенија на тоа поле. Дермокозметичките производи се разработени на основа на последните научни достигнувања и допринесуваат за здрав и сјаен изглед на кожата. Поради таа причина глобално брандот е еден од најнадежните во негата за кожата и е препорачуван од дерматолозите и фармацевтите низ целиот свет. За повеќе информации посетете нѐ на  www.eucerin.com или на www.Facebook.Makedonija

За Баерсдорф АД

Козметичката компанија Баерсдорф АД се наоѓа во Хамбург, Германија и има околу 19 000 вработени низ целиот свет. Продажбите за 2017 г. достигнаа 7,1 милијарди евра. Компанијата е рангирана во DAX (индекс на германски референтни акции). Марката NIVEA, сопственост на компанијата, е најголемата козметичка марка во светот*. Други успешни марки во портфолиото на компанијата се Eucerin, LaPrairie, Labello, Hansaplast/ Elastoplast. Баерсдорф има над 135 години искуство во нега на кожата и е познат по своите иновативни и висококвалитетни производи.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 нега

    Совети за пролетен блескав тен

  • eucerin нега

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

  • eucerin (2) нега

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics