Актерката Еванџелин Лили заедно со Пол Рад го промовираат филмот Ant-Man and the Wasp, а за вчерашната прес конференција во Тајпеј, Тајван, избра структурален фустан од австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.
Креацијата е од колекцијата за пролет-лето 2018, има спуштени рамења, набрани ракави и набран дел во долниот дел. Еванџелин за време на промотивната турнеја носеше уште еден модел на Матичевски, составен од панталони и горен дел со линии.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари