Холандската компанија The Fabricant го откри првиот досега продаден дигитален фустан наречен “Iridescence”. Верувале или не, фустанот е продаден за цена од 9.500 долари и е достапен само онлајн. Креиран од страна на Dapper Labs и Јохана Јасковска, фустанот е конструиран со помош на софтвер кој е првиот 2D шаблон и со софтвер за 3D дизајнирање. Со дополнително рендерирање, создадена е хиперреалистичка облека.
“Iridescence” е инспириран од работата на дигиталната уметница од Берлин, Јохана Јасковска, која е креатор на еден од најпопуларните филтри на Инстаграм – Beauty 3000. Првиот дигитален couture фустан беше продаден на аукција, сè уште е само во дигитална форма, но од The Fabricant велат дека може да се работи на реален фустан доколку сопственикот има желба. Се разбира, треба да се употреби висока технологија за да фустанот изгледа како во видеото ставено на Инстаграм. На аукцијата што се одржа на самитот Ethereal во Њујорк, ова дело беше преставено како „прво дигитално cоuture парче во светот“.
Следејќи го успехот на дигиталната уметност, почнувајќи од дигиталнит лик Лил Микел до blockchain општеството, овој фустан не e изненадување. Претставниците на брендот Тhe Fabricant исто така истакнаа дека многу брендови сакаат да влезат во виртуелниот свет, со цел подобро да се поврзат со “Generation Z”.
Нема коментари