Повеќегодишната фасцинација од нашата земја на Били Гулд, басистот на култната американска група Faith No More, деновиве резултира со спот, снимен во Македонија, со домашна екипа. Режисер на видеото за песната „Cone Of Shame“ е Гоце Цветановски од македонската компанија Lynx Animation Studios, во чија продукција е спотот. Видео-записотраскажува приказна за неверство и одмазда, во кој играат нашиактери меѓу кои и познатиот Митко Апостоловски.
-Ова е една од оние песни кои мораа да имаат видео, бидејќи во себе содржи многу визуелност. Со оглед на тоа што песната го има „Американа” амбиент, ќе беше лесно спотот да го снимаме во Аризона или Њу Мексико, но бидејќи неколкупати сум бил во Македонија, таму почувствував атмосфера штоби одговарала. Гоце Цветановски како режисер тоа веднаш го разбра, знаеше точно што да прави со тоа и заедно со неверојатниот кастинг, успеа да создаде нешто многу мрачно и кинематографскипрекрасно - изјави Бил Гулд за Rolling Stone Magazin, кој објави поголема статија за спотот.
Нумерата „Cone Of Shame“ е дел од новиот албум на Faith No More, Sol Invictus.
Нема коментари