• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Фарбајте велигденски јајца на природен начин

Од stylist @StylistMKD · На април 5, 2018

1

Следејќи ја тенденцијата за зголемена грижа за здрав живот и конзумирање што е можно повеќе органска храна, голем број на луѓе се одлучуваат и за фарбање на велигденските јајца на природен начин. За оние кои не ја сакаат прехрамбената боја и се плашат дека при јадење на јајцата ја внесуваат и вештачката боја, еве неколку идеи како да ги обоите јајцата со помош на лушпи од кромид, друг зеленчук, зачини, а на Пинтерест ќе најдете безброј идеи за боење со вино, кафе, чај…

Можеби нема да постигнете интензивност во боите, но ќе знаете дека сте ги офарбале на природен начин без употреба на вештачки адитиви.

За да го спречите пукањето на јајце за време на подготовката, извадете ги од фрижидерот порано за да постигнат собна температура, потоа измијте ги и ставете го во ладна вода во која сте додале малку сол. Ако сакате бојата да биде поизразена, оставете ги натопени во растворот преку ноќ, но во фрижидер.

Пред боењето може да ги обвиткате јајцата со листови од билки или со неколку ластичиња, за да добиете шари. Во водата вокоја се бојат се додава и оцет како зајакнувач на бои, но додадете го ако фарбате со кромид или зачини, но не и ако боите зеленчук и овошје, бидејќи тогаш водата ќе стане сива или кафена. На еден литар вода се ставаат две лажици оцет. После боењето откако јајцата ќе оладат премачкајте ги со масло.

2

Нежно црвенкаста боја – Ставете лушпа од кромид во вода и вриејте ја додека не се смени бојата и потемни. Нека се куваат десет минути.

Интензивно жолта – Користејќи ракавица, ставете три лажици од зачинот куркума во литар вода и додадете две лажици бел оцет.

Портокалова - Ставете пет лажици слатка црвена пиперка и две лажици бел оцет во литар вода.

Црвена – Користете конзервирани цреши и сок, додека за темноцрвена наместо вода, ставете сок од брусница.

Розова – Ставете околу 800 грама цвекло исечено на кругови во топла вода. Иако на почетокот ќе изгледат темнокафени, кога ќе се исушат јајцата ќе имаат нежно розова боја.

Сина – Додајте 600 грама сецкана црвена зелка во топла вода. За посветла боја држете јајцата околу половина час во топлата вода, ако сакате поинтензивност оставете ги во фрижидер преку ноќ.

Зелена – Ставете 100 грама спанаќ и замрзнати боровинки во блендер и додадете литар сок од боровинки. По варењето додадете две супени лажици куркума.

Сивосребрена – 800 милилитри вода се мешаат со 800 грама замрзнати боровинки. Оставете боровинки да се одмрзнат во водата и да постигнат собна температира. Исцедете ја течноста од боровинките и оставете ги јајцата во неа преку ноќ во фрижидер.

Виолетова – Се варат сушени боровинки во 250 милилитри вода. Правилото е следно – колку повеќе боровинки, бојата ќе биде поинтензивна.

763907181bf55d725de45c8bd3fca652

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics