• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
театар 0

Фенер 2018: Меѓународниот фестивал за детски театар годинава под мотото „Тука растат“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 9, 2018

Фенер 2018 - Плакат

Буден Театар го најавува петтото издание на Меѓународниот фестивал за детски театар ФЕНЕР, што ќе се одржи од 12 до 14 октомври на сцената на Драмски Театар Скопје. Преку мотото „Тука растат“ тематски дефинираната програма во фокус ја поставува екологијата и нашата одговорност да им обезбедиме на децата чиста и здрава животна средина.

Како предвесник на фестивалот, Буден Театар ја спроведе кампањата „Мижи! Замисли промена.“, која ги повика децата и родителите преку споделување на фотографии на социјалните мрежи да мапираат еколошки проблеми и да замислат идеи за нивно надминување. Дел од испратените фотографии, со испишаните идеи за промена, се изложени на Камениот мост во Скопје.

Главната програма на ФЕНЕР ќе прикаже четири меѓународни претстави, наменети за различни возрасти на деца:

Во петок, фестивалот ќе биде отворен со словачкиот театар „Одиво“ кои ни ја носат „Аеро“, претстава-лабораторија за воздух, наменета за деца над 1,5 години. Придружете ни се во истражувањето или, пак, летањето. (12.10.2018, 18.00 ч. / 13.10.2018, 11.00 ч.)

„Ленка“ (3+ години) е црвенокосото девојче, кое ни пристига заедно со Куклениот театар од Бјалисток, Полска. Таа се чувствува малку поинаква од другите и поради тоа е осамена. Сепак, вие можете да бидете нејзини пријатели, нели? (13.10.2018, 19.00 ч. / 14.10.2018, 11.00 ч.)

Петар Никл ни доаѓа од Чешка и ни носи еден куп бубачки кои кога слушаат музика умеат да цртаат. Во „Бубачкување“, перформанс за сите возрасти, тој е нивниот диригент. Дали сакате и вие да вмешате прсти во сликите што ги создаваат бубачките? (12.10.2018, 19.00 ч. / 14.10.2018, 12.00 ч.)

Фенер 2018 - Програма

Израелската уметница Мајан Јунман раскажува „Хартиена Приказна“ (5+ години). Хартијата веќе шушка, дојдете да чуете што. (14.10.2018, 19.00 ч.)

Како дел од придружната програма, придружете ни се во сабота на урбани еколошки акции „Замисли промена“ преку кои ќе реализираме три детски идеи за промена, дел од проектот „Мижи! Замисли промена“, поддржан од ФООМ (13.10.2018, 15.00 – 18.00 ч., со старт пред Драмски Театар Скопје). Неделата е посветена на проектот „Триаголници на соработка“, поддржан од Швајцарската Амбасада во Македонија, преку презентација во фоајето на Драмски Театар Скопје (14.10.2018, 13.30 ч.), а потоа одиме на Дестинација – Креација Матка (14.10.2018, 14.30 – 17.30 ч.)

„КОКО ДАШ“ од Србија, ќе го разубават Драмскиот Театар Скопје со интерактивната изложба „Дрвото кое недостасува“, која ќе биде поставена во текот на трите фестивалски денови.

Билетите во продажба за претставите од главната програма можат да се најдат на билетарницата на Драмски Театар Скопје, по цена од 200.00 МКД. Активностите од придружната програма се бесплатни, а за Дестинација – Креација Матка потребно е пријавување на budnipretstavi@gmail.com.

Меѓународниот фестивал за детски театар е поддржан од ЕУ Инфо Центар, Министерство за култура на РМ, Град Скопје, Фондација Отворено Општество Македонија, Швајцарската Амбасада во Македонија, Српскиот културно-информативен центар во Македонија Спона, Чешката Амбасада во Македонија и хотелите Арка и Стоун Бриџ.

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Poster (1) театар

    „Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

  • Picture2 театар

    Повторно заедно на интерактивни и иновативни детски претстави во „Мој театар – Сити театар“

  • театар

    „Ана Каренина“ на Дејан Пројковски апсолутен победник на фестивалот „Театарска пролет“ во Шабац

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics