Маскарата е неизоставен дел од шминката и токму на овој козметички производ се осврна Ријана во својот мошне успешен make up бренд Fenty Beauty. По серијата хајлајтери, руменила, пудри, Ријана заедно со својот го претстави новиот производ, Full Frontal маскарата. Новина е што маскарата има иновативна flat to fat четкичка, односно на некој начин е двострана – на едната страна е рамна и овој дел ги дефинира и навиткува трепките, додека ако ја свртите четката за 90 степени, таа изгледа „подебело“ и со овој дел трепките се „подигнуваат“ и добиваат волумен. Формулата е водоотпорна, маскарата долготрајна, обезбедува волумен и со иновативната четка добро ги расчешлува трепките, а ќе се продава од 16 јануари по цена од 25 долари.
Нема коментари