Овој тренд на шминкање стана вирален на ТикТок, се базира на естетиката на островските девојки од тропските предели и се поклопува со желбата за летување на некоја егзотична плажа. Трендот Island Girl Makeup претставува свежа и природна шминка инспирирана од тропските предели, и асоцира на исончаниот и светкав тен островските девојки. Овој начин на шминка тежнее кон минимализам, најдобро е да употребите само неколку производи, бидејќи не треба да постигнете тежон и премногу нашминкан изглед.
Во основа на Island Girl шминката е бронзениот тен кој алудира на исончано лице, а оние кои не се изложуваат на сонце, бронзен тен може да постигнат со производи за самопотемнивање. Наместо течна пудра, употребете лесен BB или CC крем, или само коректор кој се нанесува таму каде што е потребно. Суштински дел од шминката се руменилата (најдобро да се со течна формула), кои се нанесуваат на образите и носот, поточно на оние делови од лицето каде што прво нè фаќа сонцето додека се сончаме. Руменилата најчесто се со розови, корални и бронзени тонови. Минимално се нагласуваат очите, по желба се нанесува течен бронзер и хајлајтер, а на усните доволно е балзам или сјај. Боите се исто така розови или бронзени. За дополнителен ефект – нацртајте пеги.
@chicwithkels island gyal makeup from an island gyal #islandgyal #islandgirl #islandgirlmakeup #coconutgirl #coconutgirlmakeup #sunkissedmakeup #sunkissed #summermakeup #summervibes ♬ original sound – Bob Marley
@alissajanay1
My everyday makeup basically loll
♬ original sound – Alissajanay
@alice_nevin On a boat with @L’Oréal Paris #makeup #makeuproutine #islandgirl ♬ Sweet Sunset – Tollan Kim & dulai
@sallysallysalma island girl makeup #makeup #makeuptutorial #makeuproutine #glowymakeup #naturalmakeup #beachymakeup #islandgirlmakeup #islandgirl #grwm #grwmroutine #getreadywithme #fyp #foryoupage #rhode #rhodeskin ♬ Praise Jah In The Moonlight – YG Marley
Нема коментари