• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Д-р Филип Станковиќ – научник од Македонија кој работи на развој на иновативни производи во тутунската индустрија

Од stylist @StylistMKD · На јуни 4, 2020

PMI-FilipStankovikjStankovikj_75

Македонскиот научник д-р Филип Станковиќ од Скопје е еден од 430-те научници во Филип Морис кои работат на истражување и развој на иновативни бездимни производи. Отсекогаш верувал во промени и дека соништата може да се остварат со макотрпна работа, труд и малку среќа. Интересната приказна на младиот научник го носи во Соединетите Американски Држави по завршувањето на Машинскиот факултет во Скопје на докторски студии на Универзитетот Washington State, каде се усовршува во своето знаење како експерт за пиролиза, био-горива и хемија на аеросол.

„Токму тематиката на аеросол беше врската со Филип Морис. Не сум пушач, немав чуено за IQOS (ајкос), ниту за сите иновации во тутунската индустрија во последните 10 години и очекувано пристапив со големи предрасуди. Се прашував: Зарем не е се сведено на продажба во тутунската индустрија и оптимизација на процесите? Каков развој воопшто би можело да постои таму? Колку е етички да се работи во една таква индустрија? Како тоа јас како истражувач на био-горива и аеросоли се вклопувам во приказната? Следеше кратко истражување и дискусија со мојот сегашен претпоставен, по која ми стана потполно јасна исправноста на концептот да работам на нови иновативни производи за оние возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од оваа навика“, вели Станковиќ.

PMI-FilipStankovikjStankovikj_6

Клучот да се влезе во таа приказна беше неговата експертиза за хемискиот состав на аеросолот. „Истражувањето на хемискиот состав на аеросолот е клучен при развојот на нови помалку штетни производи, а истражувањата покажаа дека при користењето на IQOS се ослободуваат помалку штетни материи споредено со цигарите“, раскажува д-р Станковиќ за своето искуство.

Тој додава дека секогаш настојувал да ги убеди родителите и блиските да ги откажат цигарите. „Чадот од цигарите се уште ми пречи и не ја разбирам поентата на зачадени кафулиња и работни простории. Она што ме прави среќен е дека денес постои опција за оние кои се соочени со предизвикот да се откажат од пушењето. Верувам дека иновациите се основна движечка сила во секоја индустрија, неминовно и се потребни на тутунската индустрија и јас сум особено горд што сум дел од ова голема трансформација и активно работам на остварувањето на визијата за свет без чад од цигари“, вели младиот научник.

Тој работи во Нојшател во Швајцарија каде се наоѓа истражувачкиот центар на Филип Морис за развој на иновации. „Ја проучувам взаемната поврзаност на повеќе фактори како што е составот на супстратот (тутунот), температурата на загревање, конструкцијата на стиковите и параметрите на уредот за загревање со цел да го разберам нивниот ефект на квантитетот на штетни материи во аеросолот. Моја крајна цел е изнаоѓање начини како оваа емисија да се намали. Ова на дневна основа значи дизајнирање на експерименти, организирање на работата во лабораториите околу овие проекти и надгледување на експериментите, анализирање на податоци, пишување научни извештаи и соработка на научни студии, како и консултација на дизајнерите на нови производи. Сето ова вклучува аналитичка хемија, термохемија, физика, механика и инженерство“, додава Филип.

PMI-FilipStankovikjStankovikj_23

Според него, иднината на тутунската индустрија се темели на иновација, висока транспарентност во научните истражувања и отвореност за соработка.

Кога би живеел сè уште во државава, Филип вели дека можеби не би ја имал истата можност да работи на иновации. За тоа се потребни многу вложувања и средства кои се ограничени. Сепак, со неговата порака до своите врсници, тој ги охрабрува да сонуваат и да си поставуваат високи цели. Додава дека иновациите се клучот за развојот и на компаниите, но и на државите.

Неговата препорака до сите млади кои сакаат да се занимаваат со наука е дека силата на науката е таа што не познава граници, дека младите треба да учат и да бидат позитивни, да веруваат во себе и дека тој е тука секогаш да помогне на младите кои ќе тргнат по овој пат. „Постојат голем број успешни луѓе, професори и научници од Македонија во светските метрополи, компании и институции и верувам дека на секој од нас би му претставувало задоволство да помогне во остварувањето на амбициите и развојот на нашите млади научници. Јас ви стојам на располагање“, додава Филип.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics